Словенецот Марк Тепина е дечкото со кого манекенката и бизнисменка Дунавка Трифуновска неодамна во Охрид се појави на отворањето на Охридско лето и го привлече вниманието на јавноста, пишува Вест.
-Со Марк сме подолго време заедно. Еве веќе два месеци живееме заедно во Скопје. Инаку, Марк е роден во Љубљана, Словенија. Но, заради неговите работни обврски, последнава година е во Австрија. Тој често патува, и сега е работно на турнеја во повеќе балкански земји – откри Дунавка за Вест.
-Летово го поминуваме уживајќи и постојано шетаме. Во меѓувреме се спремаме за Лас Вегас, САД, каде на 25 октомври ќе се одржува Изборот за убавина Мис гранд 2016 – вели Дунавка.
Дунавка ја претставуваше Македонија на интернационалниот избор за убавина Мис гранде интернешнал во Тајланд, настан кој крена многу прашина на домашната сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.