Бројот на загинати во катастрофалните поплави во американската држава Луизијана се искачи на единаесет лица, јавуваат американските медиуми, а пренесуваат агенциите.
Од зоната на катастрофата евакуирани се над 30000 жители, а оштетени се 40000 домови.
Гувернерот на Луизијана Џон Едвардс оцени дека овие поплави се најкатастрофалните во историјата на државата. Минатиот петок во Луизијана беше воведена вонредна состојба.
Поради поројни дождови повеќето од реките во државата се прелееја од коритата и така дојде до поплави во голем број градови.
Американската администрација најави итно финансирање за државата погодена од големата поплава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!