| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на автопат кон Гевгелија – неофицијално во несреќата учевствувала Шеќеринска

Утрово околу девет часот на автопатот А1 кон Гевгелија, во близина на клучката Мрзенци, се случила сообраќајна незгода меѓу две патнички возила.

Според информациите кои ги доби Република од МВР се судриле автомобил „Мицубуши Пајеро“ и „Шевролет Авео“. Мицубушито со скопски регистерски таблички било управувано од А.Ш. 1948 година кој патувал со сопатничка Р.Ш. родена 1972. Додека „Шевролетот“ со ѓевгелиски регистерски табличи бил управуван од лицето Б.Т. родена 1989 година. Од сообраќајката на повреди се пожалила само Б.Т. која е пренесена во Гевгелиската болница.

Од Секторот за внатрешни работи од Струмица известија дека во моментов едната лента на патот е затворена, но наскоро ќе биде повторно ставена во функција.

Неофицијално во сообраќајната несреќа учествувала потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска. Иако возилото е доста оштетено, информациите се дека таа не е повредена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top