Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев и денеска е на терен во поплавените подрачја. Тој заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за одбрана Зоран Јолевски, изврши увид во активностите за санација во населените места Стајковци и Инџиково.
Димитриев беше брифиран од припадниците на АРМ за моменталната состојба на терен.
Сe поголем број исчистени улици и домови, се обновува инфраструктурата, дезинфекцијата е во тек, а наскоро ќе започне и обесштетувањето. Граѓаните изразија благодарност до Димитриев за ажурноста на институциите и санирањето нивните куќи и дворови.
Сите улици во Стајковци се пробиени и секојдневно се исфрлаат наноси на шут и кал. Само во текот на вчерашниот ден биле исфрлени 8.100 тони на кал.
Градежната механизација и денеска е на терен, а има воведено и посебен сообраќаен режим.
Покрај припадниците на АРМ на терен работат и волонтери вработени во државни институции. Од 750 до 1100 волонтери дневно им помагаат на граѓаните.
Местата кои се исчистени се дезинфицирани. Во 86 проценти од куќите е извршена дезинфекција, односно во 1848 домови. Комисијата за обесштетување била на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.