| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец се бори за живот – На Кеј паднал од својот велосипед

padnat tocak

Педесет и девет годишниот скопјанец Д.Ј. се бори за живот откако вчера вечерта паднал од својот велосипед на патеката на кејот на реката Вардар во скопски Аеродром.

Од полицијата информираат дека скопјанецот управувајќи велосипед околу 19:40 часот паднал од истиот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и во животнозагрозувачка состојба е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top