| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто спортистите ги грицкаат медалите

Дали некогаш сте се запрашале зошто спротистите ги грицкаат мелалите? Секако не го прават тоа за да проверат дали се навистина од злато, сребро или бронза, но речиси секој спортист кој озвоил медал, го вкусил.

Затоа претседателот на Меѓународното здружение на олимписки историчари реши да открие што се крие зад оваа пркатика.

mo fara

Верувале или не, не се работи за спортистите, туку за фотографите.

-На официјалните фотографи то им стана некаква опсесија. Претпоставувам дека тоа го дивуваат како некој вид култна фотографија, можеби како нештошто можат лесно да го продадат. Повеќето спортисти не го прават тоа самоницјативно, објаснува Дејвид Валечински.

athletes

Валечински забележал дека овој тренд расте од година в година, но изгледа како сево ова да го достигнало врвот.

Во историјата оваа практика се поврзува со проверката на автентичноста на паричките, но злао во парите и ви меладите нема во толкаво количество. Количеството злато во зматниот медал варира од игри до игри, па така на оваа Олимпијада медалите имаат 1,34 отсто злато помалку, однсно само шест грама покрај 93 отсто сребро и шест отсто бакар.

Во 1904 г., 1908 г. и 1912 г. златните медали на Олимписките игри биле од чист злато, но биле помали од сегашните.

Засега од грицкање медали анстрадал само еден спортист, во 2010 година, кога пресилно го загризал медалот пред фотографите и останал со скршен заб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top