| четврток, 6 декември 2018 |

Ла­зар Пе­тро­виќ – македонски државен шампион во два спорта

Во пос­лед­ни­те го­ди­ни ша­хот до­жи­ву­ва екс­пан­зи­ја во на­ша­та зем­ја. Сѐ по­ве­ќе мла­ди де­ца се оби­ду­ва­ат да тре­ни­ра­ат и да игра­ат шах. Та­ков е слу­ча­јот и со Ла­зе, кој ка­ко рас­те сѐ по­ве­ќе со­зре­ва и сѐ по­ве­ќе са­ка и по­про­фе­си­о­нал­но да се за­ни­ма­ва со шах. Не­го­ва­та жел­ба е на прет­стој­но­то Европ­ско пр­венс­тво да освои по­ве­ќе од 50 про­цен­ти по­е­ни од оди­гра­ни пар­тии. За не­го тоа би би­ло огро­мен ус­пех

Ла­зар Пе­тро­виќ е најм­ла­ди­от др­жа­вен пр­вак во шах во ка­те­го­ри­ја на игра­чи до 14 го­ди­ни. Тој во пер­и­о­дот од 17 до 28 август ќе учес­тву­ва на офи­ци­јал­но­то Европ­ско пр­венс­тво во шах, кое ќе се одр­жи во Пра­га, Че­шка. Ла­зар на овој шам­пи­о­нат ќе се нат­пре­ва­ру­ва со сво­и­те врс­ни­ци од це­ла Евро­па и се на­де­ва де­ка до­стој­но ќе ја прет­ста­ви на­ша­та зем­ја. По­крај Ла­зе, на ова Европ­ско пр­венс­тво Ма­ке­до­ни­ја ќе има свои прет­став­ни­ци пре­ку др­жав­ни­те пр­ва­ци во ка­те­го­ри­и­те до 16 и до 18 го­ди­ни.

Лет­ни­от пер­и­од мла­ди­от ша­хист го ко­ри­сти за на­пор­но да тре­ни­ра и се­ри­оз­но да се под­го­тву­ва за пр­венс­тва­та што сле­ду­ва­ат. По­крај пр­венс­тво­то на ста­ри­от кон­ти­нент во август, Ла­зе ќе на­ста­пи и на Свет­ско­то пр­венс­тво кое ќе се одр­жи во сеп­тем­ври во Ру­си­ја.

Не­го­ви­от по­че­ток е мно­гу ин­те­ре­сен и вред­но е да се спом­не де­ка не­го­ви­те ро­ди­те­ли се за­чу­де­ни од не­го­ва­та жел­ба уште од нај­ма­ла во­зраст да игра шах. За сед­ми­от ро­ден­ден тој до­би­ва по­да­рок сет од игри во кои има и шах. Та­тко му му по­ка­жал ка­ко се ре­дат фи­гу­ри­те и му го пре­нел сво­е­то зна­е­ње, кое би­ло са­мо по­чет­нич­ко.

– Ша­хот го за­са­кав вед­наш отка­ко ги ви­дов фи­гу­ри­те. Ми беа ин­те­рес­ни би­деј­ќи се во две бои, па пра­шав што е тоа. Та­тко ми ми ги на­ре­ди фи­гу­ри­те на таб­ла­та и ме на­у­чи на ос­нов­ни­те пра­ви­ла и дви­же­ња. Се­то дру­го го на­у­чив сам од са­ми­от по­че­ток, а по­доц­на играј­ќи и во клуб – ни ве­ли на са­ми­от по­че­ток Ла­зе.

Од сво­ја­та де­сет­та го­ди­на тре­ни­ра и на­ста­пу­ва за ша­хов­ска­та шко­ла на ве­ле­мај­сто­рот Вла­тко Бог­да­нов­ски и на ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от мај­стор Де­јан Сто­ја­нов­ски. Оваа шко­ла, ко­ја се на­о­ѓа во оп­шти­на Кар­пош, е под ди­рект­но по­кро­ви­телс­тво на ша­хов­ски­от клуб „Ал­ка­ло­ид“, кој, пак, по­крај оваа шко­ла, има шко­ли што се на­о­ѓа­ат на те­ри­то­ри­ја­та на це­ла Ма­ке­до­ни­ја и се гри­жи за мла­ди­те ка­те­го­рии.

– Играј­ќи до­ма со род­ни­ни и со при­ја­те­ли, мо­и­те ро­ди­те­ли раз­браа за шко­ла­та на Бог­да­нов­ски и на Сто­ја­нов­ски и ме од­не­соа та­му за да се оби­дам да се раз­ви­јам во играч. Од пр­ви­от мо­мент двај­ца­та на­ши истак­на­ти ша­хи­сти им пре­до­чи­ја на мо­и­те ро­ди­те­ли де­ка имам та­лент за оваа игра. По са­мо ед­на го­ди­на тре­ни­ра­ње во клу­бот бев из­бран во нив­на­та про­гра­ма и ре­ши­ја да ми по­ну­дат да оста­нам кај нив и под це­лос­но по­кро­ви­телс­тво на „Ал­ка­ло­ид“ да про­дол­жам да се раз­ви­вам и да на­пре­ду­вам – до­да­ва мла­ди­от ша­хист.

Lazar-Petrovic-sport206-3

Бог­да­нов­ски и Сто­ја­нов­ски, по­ра­ди го­ле­ми­те об­вр­ски што ги има­ат де­ца­та над­вор од ша­хов­ска­та шко­ла, од­лу­чи­ја тре­нин­зи да има­ат са­мо два­па­ти не­дел­но, во по­не­дел­ник и во пе­ток, но со за­да­де­ни об­вр­ски и за­да­чи во те­кот на це­ла сед­ми­ца. По­крај актив­ни­те тре­нин­зи за уче­ње на те­о­ри­ја­та на ша­хот и ана­ли­зи­те на ми­на­ти­те пар­тии, Ла­зар Пе­тро­виќ сво­јот та­лент го усо­вр­шу­ва и со игра­ње до­ма, од­нос­но со нај­поз­на­ти­те ша­хов­ски про­гра­ми на ин­тер­нет, чи­та­ње стран­ска струч­на ли­те­ра­ту­ра и со игра­ње шах со по­ста­ри­те ша­хи­сти од не­го­ва­та шко­ла.

– На тре­нинг одам два­па­ти не­дел­но. Тоа се по­ве­ќе­ча­сов­ни тре­нин­зи, кои се мно­гу ин­те­рес­ни. Со тре­не­ри­те ана­ли­зи­ра­ме пар­тии, игра­ме шах, учи­ме те­о­ри­ја, а во де­но­ви­те ме­ѓу до­би­ва­ме и за­да­чи кои мо­ра да ги из­вр­ши­ме до след­ни­от тре­нинг. Се­кое сло­бод­но вре­ме го ко­ри­стам да играм и на ин­тер­нет про­тив се­ри­оз­ни и ре­но­ми­ра­ни игра­чи од це­ли­от свет – об­јас­ну­ва Ла­зе.

ШК „Ал­ка­ло­ид“ ги по­кри­ва учес­тва­та на Ла­зе и на оста­на­ти­те мла­ди ша­хи­сти на го­лем број тур­ни­ри во на­ша­та зем­ја и во странс­тво, ка­ко и при­сус­тво­то на ма­ке­дон­ски­те шам­пи­о­ни на европ­ски­те и на свет­ски­те пр­венс­тва за си­те ка­те­го­рии. Та­лен­тот и зна­е­ње­то што ги по­се­ду­ва вле­ва­ат на­деж во клу­бот де­ка ток­му Ла­зе би мо­жел да би­де ид­ни­от ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец на пр­ва­та таб­ла.

– Мно­гу е ра­но да збо­ру­вам за тоа. Не са­кам сам за се­бе да ка­жам кол­ку сум ква­ли­те­тен и до­бар. Тоа што го имам на­у­че­но до­се­га е бла­го­да­ре­ние на ша­хов­ска­та шко­ла на Бог­да­нов­ски и на Сто­ја­нов­ски и, се­ка­ко, на ШК „Ал­ка­ло­ид“. На­ви­сти­на сум за­до­во­лен, ги имам си­те ус­ло­ви, се во­ди сме­тка за ме­не во клу­бот. Не се оста­ва ни­што на слу­чај­но­ста. Имам свој тре­нер, ко­му­ни­ци­рам со не­го и над­вор од тре­нин­зи­те и ба­рам мис­ле­ња и ана­ли­зи и во оста­на­ти­те де­но­ви ко­га тре­ни­рам и играм сам до­ма. Си­те па­ту­ва­ња се по­кри­е­ни од клу­бот. За да се ста­не го­лем вр­вен свет­ски ша­хист, по­треб­ни се мно­гу по­све­те­ност, труд и ра­бо­та. Се на­де­вам де­ка еден ден јас ќе би­дам тој што ќе би­де пред­вод­ник на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја – за­до­вол­но збо­ру­ва мла­ди­от Пе­тро­виќ.

Lazar-Petrovic-sport206-2

На др­жав­ни­от шам­пи­о­нат за ка­те­го­ри­ја до 14 го­ди­ни учес­тву­ва­ат нај­до­бри­те ша­хи­сти од це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Се­кој клуб мо­же да при­ја­ви и по по­ве­ќе учес­ни­ци, но од­лу­че­но е пр­венс­тво­то да до­бие на ква­ли­тет и да учес­тву­ва­ат са­мо нај­под­го­тве­ни­те и нај­перс­пе­ктив­ни игра­чи. Ла­зе на до­маш­но­то пр­венс­тво во ју­ни се нат­пре­ва­ру­ва­ше про­тив 10 игра­чи од це­ла Ма­ке­до­ни­ја и убед­ли­во го освои пр­во­то ме­сто.

– Кон­ку­рен­ци­ја­та е мно­гу сил­на. Ка­ко рас­там, ква­ли­те­тот на про­тив­ни­ци­те се зго­ле­му­ва, а се на­ма­лу­ва бро­јот на актив­ни игра­чи. Тоа зна­чи де­ка за не­ко­ја го­ди­на ќе играм и про­тив се­ни­о­ри, и мо­же­би не­ма да мо­жам вед­наш да по­стиг­ну­вам врв­ни ре­зул­та­ти. Се­ка­ко, огром­на по­мош во ка­ри­е­ра­та е и учес­тво­то на европ­ски и на свет­ски пр­венс­тва, и на тур­ни­ри од ран­гот на „Кар­пош опен“. Тоа е нај­го­ле­ми­от тур­нир на овие про­сто­ри и на не­го играм про­тив се­ри­оз­ни игра­чи. Оваа го­ди­на имав мож­ност да играм про­тив ве­ле­мај­сто­рот Адри­ја­на Ни­ко­ло­ва од Бу­га­ри­ја, ин­тер­на­ци­о­нал­ни­те мај­сто­ри Жу­пе Ми­ран од Сло­ве­ни­ја и Але­кса­дер Дон­чен­ко од Гер­ма­ни­ја. Тоа бе­ше огром­но искус­тво за ме­не би­деј­ќи си­те про­тив­ни­ци се со реј­тинг по­ви­сок од 2.400 по­е­ни. На „Кар­пош опен“ го зе­мав и пр­ви­от про­фе­си­о­на­лен реј­тинг кој се­га из­не­су­ва по­ве­ќе од 1.700 по­е­ни. Осво­ју­вам по­ве­ќе од три по­е­ни, што е од­лич­но за мо­ја­та во­зраст – про­дол­жи Ла­зе.

Во пос­лед­ни­те го­ди­ни ша­хот до­жи­ву­ва екс­пан­зи­ја во на­ша­та зем­ја. Сѐ по­ве­ќе мла­ди де­ца се оби­ду­ва­ат да тре­ни­ра­ат и да игра­ат шах. Та­ков е слу­ча­јот и со Ла­зе, кој ка­ко рас­те сѐ по­ве­ќе со­зре­ва и сѐ по­ве­ќе са­ка и по­про­фе­си­о­нал­но да се за­ни­ма­ва со шах. Не­го­ва­та жел­ба е на прет­стој­но­то Европ­ско пр­венс­тво да освои по­ве­ќе од 50-про­цен­ти по­е­ни од оди­гра­ни пар­тии. За не­го тоа би би­ло огро­мен ус­пех.

Lazar-Petrovic-sport206-4

Тре­не­ри­те му пре­по­ра­ча­ле да се за­ни­ма­ва и со спорт што ба­ра фи­зич­ка актив­ност за да мо­же да го из­др­жи на­по­рот што е со­ста­вен дел од игра­ње­то шах. Ис­цр­пу­ва­ње­то или на­ма­ле­на­та фи­зич­ка кон­ди­ци­ја не­ко­гаш мо­же да би­дат и пре­суд­ни за по­бед­ни­кот. Сла­ба­та фи­зич­ка под­го­тве­ност пов­ле­ку­ва и умс­твен за­мор, а тоа зна­чи и пад во кон­цен­тра­ци­ја­та во те­кот на ед­на дол­га пар­ти­ја шах. Пред­ност има­ат ин­ди­ви­ду­ал­ни­те спор­то­ви, а Ла­зе со по­мош на ро­ди­те­ли­те из­брал пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам. Та­лен­тот за спорт што го по­се­ду­ва овој млад чо­век исп­ли­ву­ва на по­вр­ши­на со тоа што тој е пр­вак на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам, се­ка­ко во не­го­ва­та ка­те­го­ри­ја. Член е на ве­ло­си­пед­ски­от клуб Окси­жен, кој ре­дов­но кр­сто­су­ва по ма­ке­дон­ски­те пла­ни­ни.

– Со пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам се за­ни­ма­вам са­мо ед­на го­ди­на. Мно­гу е ин­те­рес­но и има од­лич­но дру­гарс­тво. Јас сум еден од пом­ла­ди­те, но тре­не­рот Ане­та Ан­тов­ска ин­си­сти­ра­ше да ме при­ја­ви на др­жав­но­то пр­венс­тво и ми­на­та­та и оваа го­ди­на. По са­мо еден ме­сец актив­но тре­ни­ра­ње, ми­на­та­та се­зо­на бев трет во ка­те­го­ри­ја­та за ве­ло­си­пе­ди­сти до 16 го­ди­ни, што е огро­мен ус­пех би­деј­ќи имав са­мо 13 го­ди­ни. Ве­ќе по са­мо ед­на го­ди­на тре­нинг, на др­жав­но­то пр­венс­тво во пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам во 2016 го­ди­на убед­ли­во го осво­ив пр­во­то ме­сто, исто та­ка про­тив нат­пре­ва­ру­ва­чи кои се по­ста­ри од ме­не и по не­кол­ку го­ди­ни. Тие се и фи­зич­ки по­сил­ни и по­под­го­тве­ни и со по­ве­ќе­го­диш­но искус­тво и тре­нинг. Се­пак, не се пре­да­дов од­на­пред и до­ка­жав де­ка мо­жам да се но­сам и со по­ста­ри од ме­не. Во ве­ло­си­пе­диз­мот вле­гов со­се­ма слу­чај­но, а ве­ќе сум мно­гу акти­вен. Тоа, се­ка­ко, мно­гу ми по­ма­га и во ша­хот – за­до­во­лен е Ла­зе.

Иа­ко е др­жа­вен пр­вак во сво­и­те ка­те­го­рии и во два­та спор­та, за Ла­зе, се­пак, ша­хот оста­ну­ва пр­ва љу­бов.

– Иа­ко имам ус­пех и во шах и во ве­ло­си­пе­ди­зам, ни­ко­гаш не­ма да се отка­жам од ша­хот би­деј­ќи ми е пр­ва љу­бов и од мно­гу ма­ла во­зраст ја за­са­кав оваа игра. Си­те спорт­ски ус­пе­си што ќе ги имам во ид­ни­на се по­вр­за­ни со ша­хот. Со пла­нин­ски­от ве­ло­си­пе­ди­зам ќе про­дол­жам да се за­ни­ма­вам би­деј­ќи фи­зич­ки сум мно­гу акти­вен, а по­се­ту­ва­ње­то на при­ро­да­та до­пол­ни­тел­но ме сми­ру­ва и ми по­ма­га за зго­ле­му­ва­ње на кон­цен­тра­ци­ја­та пред ша­хов­ска­та таб­ла – до­пол­ни мла­ди­от ша­хист кој ќе ја прет­ста­ву­ва Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на Европ­ско­то пр­венс­тво во Че­шка.

Разговараше: Бо­јан Мо­ми­ров­ски
Фото: Де­јан Стан­чев­ски
(Интервјуто со Лазар Петровиќ е објавено во 206. број на неделникот Република, 12.08.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top