| четврток, 6 декември 2018 |

Хунзите се чудо од народ: Живеат до 120 години, не се разболуваат, а раѓаат и на 65 години

hunza2

Хунзите се стар народ кој живее на самата граница меѓу Пакистан и Индија, познати по тоа што нивниот животен век трае 100-120 години. Нивното место на живеење е познато како „оаза на младоста“. Скоро никогаш не се болни, а благодарение на гените изгледаат младолико.

Тие се бањаат во студена вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а и на 65 години жените можат да раѓаат деца. На лето јадат исклучиво овошје и зеленчук, а во текот на зимата конзумираат суви кајсии, готвени житарки и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а тој е познат како „гладна пролет“. Името го добила по тоа што овошјето тогаш уште не е созреано, а во тој период пијат исклучиво сок од суви кајсии. “Гладната пролет” трае од 2 до 4 месеци, а во нивната историја строго се почитува како многу важен дел од културата.

Протеини внесуваат во најмали количини, а дневно внесуваат во просек 1900 калории од кои 50 гр. протеини, 36 гр. јаглени хидрати.

hunza

Многу странци и доктори кои го проучувале овој народ и долината на реката Хунза, заклучиле дека главен фактор на долговечниот живот е здрава исхрана.

Шкотскиот лекар Мек Херисон, по враќањето во Англија, извел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна на едно лондонско работничко семејство, која подразбира бел леб, харинга, рафиниран шеќер, конзервирана храна и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана, кај животните се појавиле различни човечки болести. Другата група на животни се хранеле со храната на Хунза и останале совршено здрави.

hunza5

Во книгата „Хунзи-луѓе кои не знаат за болест“, авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот:

– Вегетаријански вид на исхрана, голема количина на сирови намирници, во исхраната доминираат овошје и зеленчук, природни производи, без никакви вметнати хемии, намирници кои се подготвуваат така што се чуваат сите нејзини биолошки вредни материјали, алкохол и слатки се на листата намирници кои многу ретко се внесуваат, а го почитуваат и нивниот редовен период на гладување.

hunza6

На меѓународниот конгрес за канцерогени заболоувања во Париз, обележан во август 1977 година, експерти објавиле како „според податоците на геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони на светот), целосно отсуство на рак се јавува само кај народот на Хунзите“.

За нив да се поминат 100 километри дневно е исто што и за нас да се вратите од работа до својот дом. Искачување по стрмни планини за Хунзите е активност од пола час, а се симнуваат весели и енергични.

Некои од Хунзите веруваат дека се потомци на Македонците, кои во походите на Александар Велики дошле на просторите каде сега живее овој народ. Во нивната култура постои предание дека големиот водач еден ден ќе се врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top