| четврток, 6 декември 2018 |

Порнофотографиите пресудија на нејзиниот брак – се разведува Дара Бубамара

dara

Фолк-пејачката Дара Бубамара пред неколку месеци сите ги шокираше со порнофотографиите кои јавноста со денови ги гледаше по веб-сајтовите и печатот. Сепак, таа тогаш рече дека сите може да се чудат, но на нејзиниот сопруг Милан Кесиќ не му пречат тие фотографии и дека тие биле наменети токму за него. А, тоа што некој ги украл не е нејзината работа.

Сепак, изгледа не е сѐ баш така. Како што се дознава, штом фотографиите се појавија во јавност, Милан побарал развод.

Извори тврдат дека Дара и Милан долго живеат како цимери и дека бракоразводната парница е при крај. Најтешко ќе му биде на нивниот син Коста.

-Затоа останале во иста куќа, додека не смислат како да му го објаснат разводот – вели изворот.

Дара со синот Коста, но без сопругот била и на одмор во Црна Гора, ја закупила плажата само за себе и не излегувала многу. Никому не зборувала каде и е сопругот и зошто е сама на летувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top