| четврток, 6 декември 2018 |

Чавушоглу: Или безвизен режим за Турција или пропаѓа договорот за бегалците

Турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, преку германскиот весник „Билд“ порача дека или ЕУ во октомври ќе одобри визна либерализација за Турците или за Турција пропаѓа договорот за бегалците и емигрантите, со кој земјата го блокира текот на илегалните миграции во ЕУ.

Прашан дали стотиците илјади бегалци би тргнале кон Европа ако не биде даден безвизен режим за Турција до октомври, Чавушоглу вели

-Не сакам да зборувам за најлошото сценарио, разговорите со ЕУ продолжуваат, но јасно е дека сите треба да ги користиме истовремено сите договори или да ги оставиме на страна – вели Чавушоглу.

Разговорите за либерализацијата за околу 80 милиони Турци застанаа кога ЕУ побара од земјата да исполни пет преостанати задачи, од почетните 72, вклучувајќи и една која се однесува на тероризмот.

Чавушоглу нагласува дека Турција има потреба од одбранбена соработка и со држави вон НАТО бидејќи некои членки на алијансата не сакаат да им продадат опрема или да им достават некои информации.

Тој додава дека Турција е „една од најголемите поддржувачи на НАТО“, па ги отфрли шпекулациите дека земјата би ја напуштила Алијансата, оценувајќи дека нив ги шират „кругови кои се против Турција, а не ние“.

-ЈАсно е дека мора да соработуваме со други партнери околу продажбата и набавката на оружје и оружените системи. Тоа е така бидејќи некои партнери од НАТО, на пример, не сакаат да ни продадат системи за воздушна одбрана или со нас да разменуваат информации- додава турскиот министер за надворешни работи во интервју за германскиот „Билд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top