| четврток, 6 декември 2018 |

Протече видео од девојчиња кои терористите на Боко харам ги кинднапираа пред две години

boko haram

Нигериската милитантна група Боко харам објави видеоснимка на која можат да се видат десетина ученички киднапирани пред околу две години. Членовите на Боко харам тогаш грабнаа повеќе од 270 девојчиња од училиштето во Чибока, на североистокот на Нигерија во 2014 година.

Повеќе десетици девојчиња успеале да побегнат од споменатата група ученички, но сѐ уште се трага по останатите. На снимката која кружи на социјалните мрежи, а ја објави и „Ројтерс“, маскирано лице стои пред десетина девојчиња.

–  Сакаме да пратиме порака на родителите на овие девојчиња да знаат дека тие сѐ уште се кај нас. Ако сакаат повторно да ги видат, порачуваме до нигериската влада да ги ослободи нашите заборени браќа – вели маскираниот терорист.

– Некои од девојчињата со Божја дозвола се омажија, а некои умреа во бомбардирањата од нашите непијатели.

Министерот за информации во Нигерија, Лаи Мохамед, изјавил дека Владата го има ослободувањето на овие девојчиња како свој приоритет.

– Ова не е прв пат да сме контактирани околу ова прашање. Ние сакаме да бидеме сигурни дека оние кои се претставуваат дека се, се оние со кои комуницираме.

Боко харам, кои се лојални на Исламска држава и дејствуваат по нивните команди, досега киднапираше стотици мажи, жени и деца. Целта на групата се смета дека е воспоставување на режимот на Исламска држава на северот на Африка, а од почетокот на нејзиното формирање, оваа терористичка групација убила повеќе од 15 илјади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top