| четврток, 6 декември 2018 |

7.500 лица евакуирани од Хановер заради неексплодирани бомби

germanksa policija

Германските власти денеска евакуираа 7.500 лица и затворија магистрала во Хановер за да прочистат неколку места од неексплодирани бомби од Втората светска војна, јави ДПА. Деминери открија повеќе неексплодирани бомби на три локации. Местата биле одбележани како локации за кои се потребни подетални проучувања уште за време на претходниот ремонт на магистралата А2.

Во денешните истражувања била откриена британска авионска бомба, која според деминерите не е опасна, како и американска мина, која подоцна била деактивирана, изјави портпаролот на локалната проптивпожарна команда, јави МИА.

Биле октриени и запаливи бомби, кои некогаш биле фрлени со цел да предизвикаат пожари. Деминерите ги пренеле на безбедно место заради деактивирање.

Хановер беше една од честите цели на западните сојузници од антихитлеровската коалиција. Само во еден ден на 9 октомври 1943 година над градот биле фрлени најмалку 261 илјада бомби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top