Можно е да има и четврта жртва што ја киднапирале браќата Кастро во монструозниот случај кој ја потресе американската јавност во кој тројца Американци беа уапсени под соменине дека држале во заробеништво три девојки, и тоа повеќе од десет години. Браќата Кастро, Ариел (52), Онил (50) и Педро (54) во заробништво ги држеле трите девојки за кои се верува дека родиле најмалку три деца. Полицијата објави дека една од нив имала најмалку три спонатни абортуси поради неухранетост.
Но, уште еден случај на исчезната девојка од Кливленд не е расчистен. Семејството на девојката Ешли Самерс, која исчезнала на 6 јули 2007 година, кога имала само 14 години, се надева дека овој случајот ќе им помогне да ја пронајдат својата ќерка. Таа исчезнала во близина на својата куќа во истото предградие во кое браќата Кастро ги држале во заложништво трите девојки – Мишел, Аманда и Џина. На почетокот се сметало дека Ешли побегнала од дома бидејќи имала голема караница со една роднина со која живеела. Една година подоцна, ФБИ излезе со став во јавноста дека оваа девојка, најверојатно, е некаде затворена против своја волја. Во 2009 година од ФБИ соопштија дека се сомневаат оти овие исчезнувања се поврзани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.