| четврток, 6 декември 2018 |

Боатенг е избран за најдобар фудбалер во Германија

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, е избран за најдобар фудбалер во Германија за минатата сезона, откако имаше клучна улога во својот тим во освојувањето на титулата во Германија, како и одличните настапи во Лигата на шампионите.

Германскиот репрезентативец собра 163 гласови за добивање на оваа награда, со кои беше убедлив пред неговите конкуренти, но и соиграчи од Баерн Минхен, Томас Милер кој освои 95 гласови, и Роберт Левандовски со 90 гласови. Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, заврши на четвртата позиција со 68 гласови, а зад него беше голманот на „баварците“, Мануел Нојер со 54 гласови. Интересно е дека за оваа награда учествуваат сите германски фудбалери, но и сите фудбалери кои настапуваат во Бундес-лигата.

Боатенг е првиот дефанзивец кој го добил ова признание по 1999 година. Тренерот на Дармштад, Дирк Шустер, беше избран за најдобар тренер за изминатата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top