Непознат Белгиец, кој освоил над 6 милиони евра од националната лотарија, не се појавил за да го земе профитот, јавија европските медиуми.
На 26 март годинава жителот на Брисел заработил 6,176 милиони евра, но до пладне на 13 август (крајниот рок за добивање на износот) не се појавил, за да ги земе парите. Од администрацијата на лотарија се обиделе да го најдат среќникот. Тие објавиле пораки во холандски, француски и германски медиуми, како и во над 3 000 трговски објекти. За две недели илјадници луѓе се јавиле на наведените телефони, барајќи да ја добијат сумата, но сопственикот на добитниот билет не бил меѓу нив, па милионите ќе останат за лотаријата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.