| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери бесен: Загубивме затоа што не игравме како тим

ranieri

Актуелниот шампион во Премиер лигата, Лестер неочекувано загуби на гостувањето против новајлијата во лигата Хал, клуб кој имаше само 13 здрави фудбалери на стартот од новата сезона, но сепак успеа да го зеде скалпот на актуелниот првак. „Лисиците“ станаа првиот шампион по 1989 година што загубил на стартот од новата сезона, а Раниери со право беше незадоволен од настапот на своите фудбалери.

Она што го красеше Лестер во ланската историска сезона, борбеноста и цврстината во одбраната, вчера беше незабележливо, па Хал со храбра игра успеа да го изненади шампионот.

– Станавме нервозни откако го примивме вториот гол. Не игравме како тим, затоа не успеавме да се вратиме и загуивме. Нашата сила е поврзаноста меѓу фудбалерите, силниот колектив, но овојпат од тоа немаше ни трага ни глас. Реков дека ќе биде тешка сезона, дека ќе претрпиме повеќе порази од лани, но најважно е да останеме силни, да играме еден за друг. Тимот е посилен од сите индивидуалци – изјави Раниери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top