Европската комисија се очекува денеска да го претстави новиот нацрт план за примена на бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина откако првиот од страна на Србија беше окарактеризиран како обид за промена на договорот „на штета на Србија“, а од косовска страна се тврдеше дека Белград сака „нов договор“.
Косовската делегација во Брисел соопшти дека денеска очекува европскиот претставник во разговорите, Фернандо Џентелини да претстави нов нацрт кој би бил прифатлив за двете страни. Косовскиот премиер Хајредин Кучи тврди дека се уште нема напредок, но и дека не сака никого да обвинува.
– Тука сме да дојдеме до план за имплементација, а не поради нови преговори. Тука сме да го примениме претходно договореното. Меѓутоа, тие, сакаат нешто надвор од договорот или да дојдат до нов договор, рекол Кучи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово