| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Ѓулен ќе биде притворен – Турција официјално ова го побара од САД

гулен

Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул им испрати писмо на американските власти во кое бара притвор за муслиманскиот проповедник Гетулах Ѓул, кој живее во Пенсилванија, а кого турските власти го обвинуваат дека е одговорен за неуспешниот пуч во Турција на 15 јули, објави телевизијата Си Ен Ен-Турк.

Турското Министерство за правда му го испрати писмото на Вашингтон, во кој Ѓулен е наречен „мозок“ на неуспешниот преврат, а осомничен е за 10 различни обвиненија, вклучувајќи го обидот за соборување на владата.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим претходно денеска истакна дека Анкара нема да се согласи со никакви компромиси кога станува збор за барање до Вашингтон за екстрадирање на Ѓулен.
Исламскиот проповедник ги демантира сите тврдења за било каква вмешаност во обидот за пуч во Турција, при што загинаа над 240 луѓе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top