-Собирам ѓубре месечно по 100 динари. Кој сака нека се јави на тел.063xxxxxxx – е содржината на огласот кој осумгодишно момче од Србија го залепило во станбената зграда во која живее.
Неговиот претприемачки дух го поддржала и неговата мајка.
Таа на Фејсбук објавила пост во намера нејзиниот син што побрзо да дојде до сопствен џепарец.
-Во распоредот на домашните работи, мојот син(8,5) меѓу останатото исфрла кеси со ѓубре долу во контејнер, па му паднало на памет од тоа да направи бизнис. Доколку на некој од станарите им е тешко или немаат време да се симнат долу и да ги однесат кесите – напишала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.