Кубанецот Хозе Кастелар познат како Куето, кој веќе петпати беше прогласуван за рекордер според Гинисовата книга на рекордите во оваа категорија, претстави пура долга 90 метри која ја направил по повод 90-от роденден на Фидел Кастро во саботата и за која може да го освои шестиот наслов рекордер.
-Цигарата е долга 90 метри, во знак на сеќавање на 90-те години на нашиот командант- изјавил Куето претставувајќи ја својата пура хавана.
Куето додал дека лично не го познава водачот на кубанската револуција, кој пред десет години се повлече од власта, а престанал да пуши пури пред повеќе од триесет години.
-Мислам дека не е запознаен (со иницијативата). Не пуши веќе долги години, но овој мој труд нека претставува подарок за неговиот роденден- вели овој изработувач на пури кој со оваа работа се занимава од својата 14-та година,
Пурите се еден од главниот извозни производи на Куба, по никелот, лековите и шеќерот. Минатата 2015 година Куба извела пури во износ од 428 милиони долари, наведува кубанско-британската компанија „ Habanos S.“ којашто поседува 70 отсто од светскиот пазар на пури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.