| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава од 2002-та извела 4.900 напади во светот

Во период од 2002 до 2015 година радикалната сунитска групација Исламската држава, и организациите коишто ѝ претходеа, оние кои ѝ се придружени или поединци кои се вдахновени од неа, извеле повеќе од 4.900 напади во светот во кој се убиени повеќе од 33.000 луѓе, покажува истражувањето на еден американски универзитет.

Според овие податоци, која претходно седмицава ги објави конзорциумот Start (Study of Terrorism and Response to Terrorism) при универзитетот Мериленд, тоа претставува 13 отсто од терористичките акции водени во светот во споменатиот период и 26 отсто од убиените.,

Истражувачите се навратиле на настаните од октомври 2002 година и американскиот дипломат Лоренс Фоли кого во Јордан го уби група којашто ја водеше Абу Мусаб ал-Заркави, што е првиот напад кој ѝ се припишува на групата којашто ќе се развива и во 2013 година ќе стане организација којашто денес е позната како Исламска држава.

isis-teroristОвен 33.000 убиени, оваа организација и изолираните поединци кои се вдахновени од неа, раниле околу 41.000 лица и учествувале во грабнувања на повеќе од 11.000 луѓе, открива споменатото истражување.

Во периодот од октомври 2002 до април 2013 година двете групи коишто ѝ претходеа на организацијата Исламска држава, и тоа Ал Каеда во Ирак и Исламската држава во Ирак и на Левантот, речиси исклучиво (95 отсто) ги изведувале нападите на ирачката територија, според ова истражување.

Од мај 2013 до крајот на 2013 година, Исламската држава изведувала просечно по 46 напади месечно. Тој број во 2014 година изнесувал 106 напади месечно и 102 напади месечно во текот на минатата 2015 година.

bagdad masakr isisНајсмртоносниот напад е изведен во јуни 2014 година во Ирак, кога 1.600 регрути на ирачката армија се грабнати во базата крај Тикрит и потоа речиси сите се егзекутирани.

Во 80 отсто од случаите нападите се изведувани со експлозив, а само во 16 проценти е користено огнено оружје.

Конзорциумот Start составил и список од триесет организации во светот кои се сметаат за ограноци на Исламската држава. Станува збор за податоци кои доаѓаат од базата со податоци за тероризмот GTD (Global terrorism database), којашто ја ажурира Start, а во којашто се наброени повеќе од 150.000 терористички инциденти коишто се изведени во светот од 1970 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top