| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Состојбата во поплавените подрачја се враќа во нормала

Состојбата во поплавените подрачја полека се враќа во нормала, по неколкудневна интензивна работа на јавните претпријатија и АРМ, скоро целосно е завршен процесот на вадење на водата од домовите и дворовите и во одредени места е започната дезинфекција на куќите, констатираа градоначалниците на Скопје и Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, кои денеска беа на терен во населбата Економија.

– Сиот шут, ѓубре и уништена покуќнина се вади од куќите и дворовите и се истовара во локална мини депонија, по што големи камиони го собираат и го носат во депонијата „Дрисла“. На овој принцип работиме во сите населени места кои беа погодени од невремето, а постои огромна депонија кај основното училиште во Сингелиќ која ја празниме со голем број камиони. Поради големата количина материјал, празнењето го правиме и преку ден и навечер- рече Трајановски.

Најави дека вечерва и утре повторно ќе работат со полн капацитет и ќе се реализираат големи акции за чистење. Притоа изрази надеж дека во понеделник состојбата ќе биде многу подобра.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top