Четири самоједи и 4 мали кутриња се единствените преживеани од една одгледувалница, после поплавите во Стајковци. Од Асоцијацијата за активисти за правата на животните известуваат дека на барање на газдата, чии негови блиски луѓе загинаа во поплавата и нема можност сега да се грижи за нив, се обиделе да им помогнеме на кучињата кои ќе умреа во калта.
„Неколку кучиња веќе се удавија, вклучително и мајката и неколку нејзини малечки. Четирите преживеани кутриња имаат сурогат мајка, која е во лоша здравствена состојба. Најдовме сместување за трите здрави кучиња кои беа прегледани од ветеринар и ќе бидат сместени во пансион. Сурогат мајката со малечките уште е на ветеринар“, велат од таму.
Од Асоцијацијата апелираат да се најде сместување за мајката со малечките и финансиски средства за да можеме да се покријат ветеринарни трошоци и сместување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.