Навивач на Партизан за кого се претпоставува дека е водач на една од подгрупите на „Гробари“, „Забранети“, тешко е ранет во престрелка во белградската населба Железник, пренесува српски Блиц.
– Во една од улиците во Железник најден е тешко повреден човек. Веднаш е пренесен во ургентниот центар на реанимација – потврдуваат од Министерството за внатрешни работи на Србија.
На полицијата и е познатио лицето, кое по првичните информации се работи за 31. годишниот Ален Костиќ викан Куби, кој и пред три години истотака во Железник е ранет, кога на него сеуште непознат напаѓач испалил четири куршуми од пиштол.
Војната меѓу навивачките групи во Србија продолжува без намален интезинтет. Во Раковица истотака денеска дошло до вооружена пресметка во која најмалку едно лице е повредено. Припадниците на едната навивачки група биле маскирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)