Македонскиот спринтер на 100 метри, Ристе Пандев денес имаше задоволително остварување на Олимписките игри во Рио. Откако во претквалификациите со време од 10.72 секунди заврши прв во својата групата, потоа во квалификациите истрча една стотинка побрзо, но заврши последен во неговата силна група, во која се најде и Џастин Гетлин. Пандев по завршувањето на трките се огласи на социјалните мрежи.
– Ви благодарам на сите што ме поддржувавте и што верувате во мене. Дадов сè од себе . Голема благодарност до Македонскиот Олимписки Комитет. Поздрав до Струмица и цела Македонија – напиша Пандев на својот Фејсбук профил неколку моменти по завршувањето на квалификационата трка на 100 метри.
До крајот на Игрите во Рио останува настапот на последниот македонски олимпиец, Дрита Исљами, која ќе трча на в понеделник на 400 метри со пречки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.