Скопје има градоначалник којшто е човек од народот, додека неговите претходници беа надмени, арогантни личности умислени сами во себе дека се некои големи величини и оддалечени од народот, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вестите на ТВ Сител.
-За првпат Коце Трајановски покажа како треба да се соработува со народот, како треба да се биде на терен со народот, како да се сочувствува со неговите проблеми и на секаков начин да се помага. И како градоначалник, со средства, со сите расположливи капацитети на комуналните претпријатија и директно со присуство од најмалку 15 часа на терен дење и ноќе. Барањето за оставка на Коце Трајановски и најавата за скорешни протести од оние луѓе од таканаречената Шарена револуција само покажува дека СДСМ и во оваа ситуација максимално деструктивно се однесува. Освен одењето на терен само за сликање, земањето на лопата додека трае снимањето и така натаму, се останато е барање на начин како да се добијат политички поени и да се води негативна кампања која продолжува од она што беше претходно. Тие водат крајно негативна и манипулативна кампања. Сега повторно го прават тоа и веројатно ќе биде така до изборите. Не очекувам драстична промена во однесувањето на СДСМ, тие од изборите 2014 до сега и веројатно во иднина ќе продолжи со негативна и манипулативна кампања со искривени информации, полуинформации, едитирани работи и така натаму. Лидерот на таа партија е човек кој по кажа дека 99% од неговото делување е во деструкција и манипулации, лаги и интриги- рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.