Прекрасен спомен од првиот настап на ЛОИ ќе има македонскиот спринтер Ристе Пандев, а противникот во квалификациската трка денеска е вториот најбрз тркач на 100 метри, Џастин Гетлин. Пандев и Гетлин еден против друг во втората квалификациска трка на 100 метри. Како награда за струмичанецот за извонредната прва трка, но и како огромна мотивација за напредок во иднина.
Пандев ќе трча во четвртата патека, а Гетлин во деветтата. Токму Американецот важи за најголем конкурент на Јусеин Болт за златниот медал на „стотка“.
За Пандев момент за паметење и трка со многу инспирација. Првата денеска попладне ја истрча одлично со време од 10,72, што е за само 11 стотинки послабо од државниот рекорд.
Трката е закажана за денеска од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.