| четврток, 6 декември 2018 |

Јилдирим: Бајден на 24 август во посета на Турција

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден на 24 август ќе пристигне во официјална посета на Турција, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Тој на прес-конференција истакна дека е попозитивен ставот на официјален Вашингтон кон барањето на турските власти за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за обидот за воен удар.

Јилдирим нагласи дека од неуспешниот обид за пуч на 15 јули досега се отпуштени од работа вкупно 81.494 луѓе, меѓу кои се наоѓаат судии, војници и државни службеници.

Турскиот премиер додаде дека организацијата на Ѓулен има специјални мрежи за комуникација, во кои се вклучени 50.000 лица.

Јулдирим изјави дека Турција не прифаќа никаков компромис со САД околу прашањето за екстрадиција на исламскиот проповедник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top