| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка помош за поплавените

­

цеска

Чешка материјална помош наменета за ублажување на последиците од катастрофалните поплави ќе биде предадена денеска во објектот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Членови на Противпожарната спасувачка бригада на Република Чешка на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу ќе му предадат 48 пумпи со вкупен капацитет/проток од повеќе од 2 милиони литри вода/кал за еден час и 8 агрегати за електрична енергија во вредност од над 44.000 евра. На примопредавањето на помошта најавено е присуство и на амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Рамеш.

Oд Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се очекува да пристигнат и донации од Унгарија, Австрија и Словачка. Со овие донации се зголемува бројот на држави кој донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, чија членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top