| четврток, 6 декември 2018 |

Психолог Стојкоска-Василевска: Анксиозноста и депресијата ги полнат ординациите

Ко­га во сре­ди­на­та че­сто е при­су­тен стра­вот за ег­зи­стен­ци­ја, на ин­ди­ви­ду­ал­но т.е. на пси­хич­ко ни­во, тој страв зна­чи зго­ле­мен ри­зик од ан­кси­оз­ност. На тој на­чин оп­штес­тво­то при­до­не­су­ва во ква­ли­те­тот на мен­тал­но­то здрав­је на сво­и­те гра­ѓа­ни. Кол­ку по­ве­ќе се збо­ру­ва и иску­су­ва за­гро­зе­на ег­зи­стен­ци­ја - би­ло ма­те­ри­јал­на или фи­зич­ка, пре­ку не­сре­ќи и на­па­ди кои се мно­гу при­сут­ни и за­ста­пе­ни осо­бе­но во ме­ди­у­ми­те - тол­ку по­ве­ќе се бу­ди ег­зи­стен­ци­јал­ни­от страв кај по­е­ди­не­цот, кој во­ди до ан­кси­оз­ност и на­та­му до дру­ги на­ру­шу­ва­ња на мен­тал­но­то здрав­је, ве­ли пси­хо­ло­гот Стој­ко­ска-Ва­си­лев­ска

Спо­ред ста­ти­сти­ка­та, ан­кси­оз­но­ста и де­пре­си­ја­та ги пол­нат ор­ди­на­ци­и­те на пси­хо­ло­зи­те и на пси­хи­ја­три­те. Ан­кси­оз­но­ста прет­ста­ву­ва по­чест проб­лем во со­вре­ме­но­то жи­ве­е­ње, но лу­ѓе­то поч­ну­ва­ат да се охра­бру­ва­ат и да ба­ра­ат по­мош.

Ан­кси­оз­но­ста е чув­ство на воз­не­ми­ре­ност и на нап­на­тост, а ан­кси­оз­на­та лич­ност се чув­ству­ва за­гро­зе­но иа­ко не ја знае при­чи­на­та за тоа чув­ство. Но­си во се­бе не­мир, нап­на­тост, не­за­до­волс­тво и не­кој не­о­дре­ден страв.

– Ан­кси­оз­но­ста нај­че­сто се по­вр­зу­ва со ди­на­ми­ка­та и со ко­ли­чес­тво­то стрес во на­ше­то оп­кру­жу­ва­ње. Ан­кси­оз­но­ста има лич­ни, ин­ди­ви­ду­ал­ни пре­дис­по­зи­ции, но че­сто е пре­диз­ви­ка­на од зго­ле­мен при­ти­сок кој до­а­ѓа од сре­ди­на­та (ра­бот­на, лич­на итн.) – ве­ли м-р Ма­ри­ја Стој­ко­ска- Ва­си­лев­ска, пси­хо­лог и ге­шталт-пси­хо­те­ра­певт во пр­ва­та при­ват­на оп­шта бол­ни­ца „Ре-ме­ди­ка“. 

Што е ан­кси­оз­ност и ка­ко се ма­ни­фе­сти­ра?

СТОЈ­КО­СКА-ВА­СИ­ЛЕВ­СКА: Ан­кси­оз­ност, или уште се ви­ка и леб­деч­ка воз­бу­да, е пси­хич­ки симп­том што се ја­ву­ва пре­ку сил­на воз­бу­да ко­ја мо­же да пре­диз­ви­ка ср­це­би­е­ње, тре­се­ње на ра­це­те или дру­га те­лес­на не­при­јат­ност ко­ја до­пол­ни­тел­но пре­диз­ви­ку­ва емо­ци­ја на страв и не­га­тив­ни мис­ли за сво­е­то здрав­је или за функ­ци­о­ни­ра­ње­то во мо­мен­тот. По­е­ди­не­цот што иску­су­ва ан­кси­оз­ност не се чув­ству­ва под­др­жан да пре­зе­ме ка­ква би­ло актив­ност ко­ја се ба­ра од не­го. Во за­вис­ност од сте­пе­нот на ан­кси­оз­но­ста што ја чув­ству­ва, мо­же да се пов­ле­ку­ва од актив­но­сти­те или да ги из­вр­шу­ва со не­при­јат­ност и со на­сто­ју­ва­ње да ги за­вр­ши по­бр­гу. Вле­гу­ва­ње­то во актив­ност, од се­којд­нев­на, во­о­би­ча­е­на, до не­ко­ја иск­лу­чи­тел­но спе­ци­фич­на, е прос­ле­де­но со из­ве­сен сте­пен на воз­бу­да. Воз­бу­да­та ги мо­би­ли­зи­ра на­ше­то те­ло и ум да вле­зе­ме во одре­де­на актив­ност. Во таа смис­ла воз­бу­да­та ни е по­зи­ти­вен дви­га­тел. Не ре­тко, сте­пе­нот на воз­бу­да ста­ну­ва по­го­лем, ду­ри и ко­га актив­но­ста во ко­ја би тре­ба­ло да вле­зе­ме е во­о­би­ча­е­на, и зго­ле­ме­ни­от сте­пен на воз­бу­да кре­и­ра страв (од не­ус­пех, из­ло­же­ност на срам, ду­ри и страв де­ка не­што жи­во­то­за­гро­зу­вач­ки мо­же да се слу­чи). Ан­кси­оз­но­ста, за раз­ли­ка од фо­би­и­те, не е вр­за­на за кон­кре­тен страв од не­што, ту­ку е оп­шта воз­бу­да ко­ја не доз­во­лу­ва лич­но­ста да се на­со­чи кон не­ко­ја актив­ност, на­про­тив, ја спре­чу­ва по­са­ку­ва­на­та актив­ност.

Да­ли Ва­ше­то искус­тво го­во­ри де­ка вла­дее епи­де­ми­ја на ан­кси­оз­ност кај нас?

СТОЈ­КО­СКА-ВА­СИ­ЛЕВ­СКА: Ан­кси­оз­но­ста нај­че­сто се по­вр­зу­ва со ди­на­ми­ка­та и со ко­ли­чес­тво­то стрес кои се во на­ше­то оп­кру­жу­ва­ње. Ан­кси­оз­но­ста има лич­ни, ин­ди­ви­ду­ал­ни пре­дис­по­зи­ции, но че­сто е пре­диз­ви­ка­на од зго­ле­мен при­ти­сок кој до­а­ѓа од сре­ди­на­та (ра­бот­на, лич­на итн.). Стра­вот што се ја­ву­ва со ан­кси­оз­но­ста, ко­га пси­хо­те­ра­пи­ски се раз­ра­бо­ту­ва, ука­жу­ва де­ка по­е­ди­не­цот стра­ву­ва за сопс­тве­на­та ег­зи­стен­ци­ја. Во на­ша­та сре­ди­на че­сто е спом­ну­ва­на ма­те­ри­јал­на­та ег­зи­стен­ци­ја и тоа кол­ку е не­из­вес­на. Ко­га во сре­ди­на­та че­сто е при­су­тен стра­вот за ег­зи­стен­ци­ја, на ин­ди­ви­ду­ал­но, т.е. на пси­хич­ко ни­во, тој страв зна­чи зго­ле­мен ри­зик од ан­кси­оз­ност. На тој на­чин оп­штес­тво­то при­до­не­су­ва во ква­ли­те­тот на мен­тал­но­то здрав­је на сво­и­те гра­ѓа­ни. Кол­ку по­ве­ќе се збо­ру­ва и иску­су­ва за­гро­зе­на ег­зи­стен­ци­ја (би­ло ма­те­ри­јал­на или фи­зич­ка, пре­ку не­сре­ќи и на­па­ди кои се мно­гу при­сут­ни и за­ста­пе­ни, осо­бе­но во ме­ди­у­ми­те), тол­ку по­ве­ќе се бу­ди ег­зи­стен­ци­јал­ни­от страв кај по­е­ди­не­цот, кој во­ди до ан­кси­оз­ност и на­та­му до дру­ги на­ру­шу­ва­ња на мен­тал­но­то здрав­је.

Што е тоа што ги те­ра лу­ѓе­то да би­дат ан­кси­оз­ни? Да­ли е тоа стра­вот, не­из­вес­но­ста, стре­сот или не­кои дру­ги при­чи­ни?

СТОЈ­КО­СКА-ВА­СИ­ЛЕВ­СКА: Ка­ко симп­том че­сто е дел од по­ши­ро­ка ле­пе­за на не­кое пси­хич­ко рас­тројс­тво или не­вро­тич­на епи­зо­да. Нај­че­сто е дел од ан­кси­оз­но рас­тројс­тво или па­нич­ни на­па­ди кои се мно­гу че­сти ме­ѓу по­пу­ла­ци­ја­та.

Ако е са­ма, ка­ко единс­твен симп­том, нај­че­сто про­из­ле­гу­ва од не­ко­ја тра­у­ма или по­долг пер­и­од по­ми­нат под при­ти­сок или ис­че­ку­ва­ње. Не мо­ра да се по­ја­ви вед­наш по не­ко­ја тра­у­ма, кај не­кои лу­ѓе се ја­ву­ва ду­ри и по пер­и­од од ед­на или по­ве­ќе го­ди­ни, отка­ко ре­чи­си и го за­бо­ра­ви­ле на­ста­нот. Но, до­кол­ку не бил пре­жи­ве­ан со цел пси­хич­ки ка­па­ци­тет на по­е­ди­не­цот, по из­вес­но вре­ме мо­же да го по­чув­ству­ва овој симп­том.

Мож­но ли е ко­ре­нот на ан­кси­оз­но­ста да ле­жи во дет­ство­то, а на сред­ни го­ди­ни да се по­ја­ви пак?

СТОЈ­КО­СКА-ВА­СИ­ЛЕВ­СКА: Се­кој чо­век има пре­дис­по­зи­ции, од­нос­но нак­ло­нет е кон еден или друг тип до­жи­ву­ва­ње и пре­жи­ву­ва­ње на искус­тва­та. Би­деј­ќи ан­кси­оз­но­ста се ја­ву­ва во ре­ла­ци­ја на по­е­ди­не­цот со сре­ди­на­та, таа се ма­ни­фе­сти­ра по из­вес­ни искус­тва, нај­че­сто не­при­јат­ни, кои по­е­ди­не­цот ги имал во раз­ме­на со сре­ди­на­та. Поч­ну­вај­ќи од пр­ви­те кон­та­кти со ро­ди­те­ли­те, врс­ни­ци­те од гра­дин­ка итн., зна­чај­но е ко­ре­нот да се ба­ра во ка­па­ци­те­ти­те на по­е­ди­не­цот откол­ку со­др­жи­на­та ко­ја стои зад ан­кси­оз­но­ста. На­чи­нот ка­ко ги до­жи­ву­ва и ка­ко мо­же да ги над­ми­ну­ва не­при­јат­но­сти­те е поз­на­ча­ен од при­чи­ни­те кои во да­де­ни­от мо­мент ја пот­тик­на­ле таа ре­ак­ци­ја на ор­га­низ­мот. Во пси­хо­те­ра­пи­ја­та ве­ли­ме, се­кој симп­том до­а­ѓа со не­ко­ја по­ра­ка, тре­ба да по­ра­бо­ти­ме за да ја од­гат­не­ме што зна­чи таа за се­ко­го лич­но.

Да­ли ан­кси­оз­но­ста сѐ по­ве­ќе е за­ста­пе­на кај сре­до­веч­ни­те ли­ца?

СТОЈ­КО­СКА-ВА­СИ­ЛЕВ­СКА: Со ог­лед на тоа де­ка ан­кси­оз­но­ста глав­но е ди­кти­ра­на од ди­на­ми­ка­та на жи­во­тот, се оче­ку­ва симп­то­ми­те ка­ко ан­кси­оз­ност да се на­ма­лу­ва­ат ка­ко жи­во­тот поч­ну­ва да те­че по по­мир­ни те­ко­ви. Но, тоа не ва­жи во си­ту­а­ции ко­га ан­кси­оз­но­ста по­стои со го­ди­ни и де­ка со во­зра­ста си­гур­но ќе по­ми­не.

Се ле­ку­ва ли ан­кси­оз­но­ста? По­треб­ни се ле­ко­ви или, пак, мо­же да се из­ле­ку­ва са­мо со по­се­та и те­ра­пии кај пси­хо­лог?

СТОЈ­КО­СКА-ВА­СИ­ЛЕВ­СКА: Со ог­лед на тоа де­ка ан­кси­оз­но­ста не е бо­лест са­ма по се­бе, цел­та на неј­зи­но­то над­ми­ну­ва­ње не е да се из­ле­ку­ва ту­ку да се по­до­бри ква­ли­те­тот на функ­ци­о­ни­ра­ње на по­е­ди­не­цот кој има ан­кси­оз­ност. Тоа по­драз­би­ра не са­мо над­ми­ну­ва­ње на ан­кси­оз­на­та со­стој­ба, ту­ку и ге­не­рал­но по­до­бру­ва­ње на мен­тал­но­то здрав­је. Во за­вис­ност од сте­пе­нот на изра­зе­ност, ан­кси­оз­но­ста мо­же да се тре­ти­ра со ме­ди­ка­мен­тоз­на те­ра­пи­ја, са­мо со пси­хо­те­ра­пи­ја или ком­би­ни­ра­но. За да се одре­ди сте­пе­нот на изра­зе­ност, тре­ба да се по­се­ти пси­хо­лог, пси­хи­ја­тар или пси­хо­те­ра­певт, кој ќе го одре­ди па­тот за над­ми­ну­ва­ње на проб­ле­мот.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Ре-ме­ди­ка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top