Амбициозно, тројца пожарникари од противпожарната служба во Манчестер ќе патуваат 3.000 километри до Источна Европа за да донираат противпожарно возило на малото градче во Македонија Богданци. Вака британските медиуми ја пренесуваат приказната за пожарникарите Родри Џонс, Џејмс Копли и Ариф Ахмед кои во неделата заминале за Македонија во хуманитарна мисија за помош на „најсиромашните региони во светот“.
– Пожарникарите во Македонија користат возила стари речиси 50 години. Патувањето ќе биде напорно, но со донацијата сакаме да го подобриме нивото на безбедност во оваа заедница, рекол 31 годишниот пожарникар Родри.
Пожарникарите патувањето го почнале до фериброд до Белгија, а оттаму ќе минат преку Германија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија. Во Македонија се очекува да пристигнат утре.
Тука ќе минат една недела во која ќе им презентираат обука на нивните колеги од Богданци за начинот на употреба на донацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните на Богданци заслужуваат да живеат во модерна и убава општина-Роглев најави низа проекти
-
Манчестер Сити се огласи по повод собраќајната несреќа на Агуеро
-
Еве како Скопје го доживеале навивачите на Манчестер Јунајтед- оставиле писмо!
-
2-1: Реал уште еднаш ја затресе мрежата, Манчестер возврати


