| четврток, 6 декември 2018 |

„Охридско лето“ ќе донира за настраданите

Фестивалот „Охридско лето“ се приклучува во акцијата за помош на загрозените од поплавите во Скопско и приходот од продадените билети за утрешниот и за концертот во недела ќе го намени во хуманитарни цели.

Утревечер ќе настапи пијанистката Нина Костова и гудачкиот квартет Хеншел од Германија, а во недела, 14 август, концерт во рамки на „Охридско лето“ ќе има Државниот камерен оркестар „Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако.

Цената на билетите за двата концерта, кои ќе се одржат во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, изнесува 300 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top