| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Му кажав на Путин, делиме фифти-фифти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постои договор со Русија за рамноправно финансирање на проектот за гасоводот Турски тек.

– На руската страна и соопштивме дека нема проблеми со проектот Турски тек. Единствена работа која ја предложивме е да ги делиме трошоците за изградба на гасоводот на пола – изјави Ероган.

Одлуката за обновување на проектот Турски тек е донесена пред два дена за време на разговорот со претседателот Путин во Санкт Петерсбург.

Спогодбата за изградба на гасоводот Турскиот тек е постигнат во декември 2014 година, откако поради изостанување на согласност на Бугарија, се изјалови проектот за изградба на гасоворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top