| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Попладне во Македонија – локален пороен дожд, грмежи , засилен ветер

Од УХМР информираат дека попладне во Македонија се очекува  локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје попладне времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 33-тиот степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top