| четврток, 6 декември 2018 |

Владата донесе одлука за авансно исплаќање на штетите од поплавите

­

vlada ilinden4

Владата на вчерашната седница донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско, информира премиерот Емил Димитриев при денешната посета на поплавените куќи во општина Илинден. ­

На вчерашната седница донесовме одлука авансно да помогнеме во исплатата на штетите на настраданите семејства од поплавениот регион, со средства кои во овој момент ги имаме од стоковите резерви.

vlada ilinden5

-Тоа се околу 100 милиони денари или околу 1,5 милиони евра. Паралелно ќе се одвива и процесот на проценка на штетите, и за домаќинствата и за компаниите- рече Димитриев.

vlada ilinden6

Тој информира дека на терен се и експерти кои се задолжени за проценка на штетите во земјоделството. Покрај проценка на објектите, рече, има проценка и на штетите во земјоделството, стоката и се што е направено како штета.

vlada ilinden7

Граѓаните од Илинден побараа да се донесат пумпи за испумпување на водата. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој заедно со градоначалникот на Илинден Жика Стојановски го придружуваше премиерот Димитриев, рече дека за два часа ќе пристигнат 20 пумпи.

Премиерот Димитриев, министерот Мисајловски и градоначалникот Стојановски ја посетија индустриската зона во Илинден и куќите во населбата Илинден кои се под вода од саботата, како резултат од невремето што го зафати скопскиот регион.

vlada ilinden8

Граѓаните изразија загриженост што се уште се без струја. Димитриев ги информира дека ќе дојдат стручни тимови од ЕВН за да проценат дали треба да се вклучи за да не дојде до проблеми. Според него, најважно е да се испумпа водата, а потоа да се создадат услови за да се приклучи електричната енергија. Министерот Мисајловски рече дека до утре околу 90 отсто од струјата ќе биде пуштена во општина Илинден.

vlada ilinden9

Градоначалникот Стојановски информира дека во индустриската зона во Илинден целата вода од сливното подрачје што беше зафатено со невремето се слива кај комплекост, на влезот во Илинден, пред автопатот. ­ -Овој дел, како најнизок се заезери бидејќи го зафати првиот бран од водата што дојде и целата вода ќе поминува низ канал преку Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Петровец и оди во Таор, каде со пумпи се префрла во Вардар- рече Стојановски.

vlada ilinden10

Во Илинден денеска се приклучени десетина пумпи и дополнително дваесетина со помал капацитет. Во дворовите или во пониските делови од компаниите ќе се извлекува водата со помош на цистерни. Компаниите, како што рече, имаат штета од водата и неколку дена не работеа бидејќи не можеа да влезат во своите простории. Додаде дека има значително подобрување и нивото на водата се намалува. Нагласи дека ќе треба дополнителни цистерни и пумпи. Мисајловски информираше дека тука се ангажирани најголемите капацитети од една приватна компанија. ­ Од вчера до денеска има голем напредок. Веќе половина од водата е симната. Очекувам со пробивање на каналите да има многу напредок, рече Мисајловски. Премиерот Димитриев замина во посета на поплавените во Стајковци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top