| четврток, 6 декември 2018 |

Обезбеден превоз: ЈСП воведува автобуси за превоз на волонтери до поплавените подрачја

jsp

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја ќе тргнуваат во 9, 12 и 15 часот.

Возилата ќе тргнуваат од следните локации:

– Ѓорче Петров – пред црквата „Св. Петар и Павле“; продолжува кон Карпош (спроти „Сити мол“), продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон хотел „Континентал“ (спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.

– Кисела Вода – пред Општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред „Окта“ и продолжува кон крајната точка.

– Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква „Св. Јован“ и продолжува кон крајната точка – обиколница (пункт накај Стајковци).

Последното враќање е во 19, соопштија од ЈСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top