Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја ќе тргнуваат во 9, 12 и 15 часот.
Возилата ќе тргнуваат од следните локации:
– Ѓорче Петров – пред црквата „Св. Петар и Павле“; продолжува кон Карпош (спроти „Сити мол“), продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон хотел „Континентал“ (спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.
– Кисела Вода – пред Општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред „Окта“ и продолжува кон крајната точка.
– Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква „Св. Јован“ и продолжува кон крајната точка – обиколница (пункт накај Стајковци).
Последното враќање е во 19, соопштија од ЈСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.