| четврток, 6 декември 2018 |

Русите избраа домашен селектор, Черчесов на местото на Слутски

cercesov

Руската Фудбалска Федерација ја заврши потрагата по нов селектор, потпишувајќи договор за двогодишна соработка со Станислав Черчесов. Овој 52-годишен стратег доаѓа на чело на националниот тим на местото на Леонид Слутски, кој самиот си поднесе оставка по неуспехот на ЕВРО 2016.

Иако во комбинација за селектор беше и Курбан Бердијев, кој пред неколку дена си замина од клупата на Ростов, челниците на фудбалската федерација решија да му укажат доверба на Черчесов, кој минатата сезона беше тренер на Легија Варшава.

Целта која му ја постави на Черчесов фудбалската федерација на Русија е да репрезентацијата се прикаже во што подобро светло на мундијалот кој оваа земја ќе биде домаќин во 2018 година. „Зборнаја“ се реши за домашен стручњак наместо за странец на ова натпреварување, а во зависност од остварениот резултат, дополнително ќе биде одлучено дали на Черчесов ќе му биде понуден нов договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top