| четврток, 6 декември 2018 |

Засолнете се навреме, попладне ќе има невреме со пороен дожд, грмежи и со ветер

­

dozd

Денеска попладне повторно се очекува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и со силен ветер.

Од УХМР информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне се очекува да има локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и во источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени. УВ-­индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи исо  умерен до засилен северен ветер. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 33. степен. Променливо облачно, ветровито и доста посвежо со локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top