Репрезентацијата на Франција стигна до втората победа на Олимписките игри, откако денес ја победи Србија со 75-76 во рамките од третото коло од групата А.
Во првото полувреме кошаркарите на Александар Ѓорѓевиќ одиграа лошо и постојано беа во негатива. Француските кошаркари одлично започнаа и по првата четвртина заминаа на +9. Втората четвртина, Србите ја одиграа порамноправно и ја намалија разликата на само 4 поени (36-40).
Во третата четвртина Мирослав Радуљица и ја донесе првата предност на својата репрезентација. Таа предност остана на страна на српските кошаркари до крајот на последниот дел, но Нандо Де Коло одигра фантастични последни 60 секунди, носејќи нова победа за својата репрезентација. Во финишот на помалку од две минути до крајот се чинеше дека победата ќе ја однесат Србите кои имаа пет поени предност (75-70). Сепак клучна за победата на триколорите беше тројката преки човек на Тони Паркер на половина минута до крајот за победа на европскиот вицешампион.
Србите не реализираа ниту еден од последните три напади, вклучувајќи го и обидот за тројка на Богдан Богдановиќ од преку осум метри.
Во финишот на помалку од две минути до крајот се чинеше дека победата ќе ја однесат Србите кои имаа пет поени предност (75-70).
Нандо де Коло одигра на висина на задачата реализирајќи 22 поени, а на спротивната страна единствен расположен играч беше Мирослав Радуљица со 16 коша.
Точно на полноќ ќе се одигра дербито во оваа група бидејќи ќе се сретнат единствените две непоразени репрезентации, САД и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.