| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Блажевски оствари нов државен рекорд на ОИ во Рио

marko blazevski

Македонскиот пливач Марко Блажевски оствари државен рекорд при својот настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Трката на 200 метри мешано Блажевски ја заврши за време од 2:02.54 минути, што беше за речиси половина секунда од неговиот претходен рекорд (2:02.98 минути).

Ваквото време сепак беше недоволно за нашиот олимпиец да се вмеша во борбата за место кое ќе води во полуфиналето. Блажевски ја заврши својата трка како претпоследен во конкуренција на шест пливачи, пред Тунижанецот Ахмед Матлути, а севкупно гледано Македонецот оствари 26. резултат од пливачи што се појавија во базенот во Рио де Жанеиро.

Најдобро време во квалификациите оствари Рајан Лохте (1:57.38), додека Мајкл Фелпс севкупно беше третопласиран, минувајќи ја делницата за 1:58.41 минута.

Атлетичарот Ристе Пандев е следниот македонски олимпиец што ќе настапи на ОИ во Рио, на трката на 100 метри што ќе се одржи на 13 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top