Денеска во 10 часот М.Г. од Прилеп пријавил дека вчера околу 12 часот на улицата „Томас Минцер” бил физички нападнат од страна на лицето Х.С. при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди.
Како што соопштија од МВР до физичкиот напад дошло поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите. На лицето Х.С издаден му е записник за констатиран прекршок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.