Околу 10 часот и 30 минути во близина на рудникот „Сивец“, во атарот на селото Присад, додека 48-годишниот К.П. од Прилеп сечел мермерни плочи, една паднала врз него и го потиснала. Од страна на вработени, мермерната плоча била тргната од повредениот, по што тој бил префрлен во Ургентен центар во Скопје, каде што, за жал, починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.