Двајцата осомничени членови на групата Исламска држава, кои вчера беа уапсени во Германија, се поврзани меѓу себе, изјави Ралф Јегер, локален припадник на службата за безбедност, цитиран од ДПА. Јегер изјави дека едниот од осомничените бил под истрага за планирање терористички напад, а вториот за „изведување насилни активности во Сирија“.
Германскиот обвинител Детлеф Новоч потврди дека вториот осомничен член на Исламска држава е уапсен по полициска акција во провинцијата Северна РајнаВестфалија.
Тој одби да ја потврди информацијата дека денеска приведениот осомничен е поврзан со 24 годишниот барател на азил, кој минатата недела беше уапсен под сомнение за припадност на Исламска држава, забележа ДПА. Тобиас Плате од Министерството за внатрешни работи изјави дека нивото на терористичка закана во Германија останува високо, посочува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро