Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, вчера прати писмо со сочувство до својот македонски колега Никола Попоски по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово.
– Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до Владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со повредените и со оние кои ги загубија домовите – нагласува Кундерс во писмото со сочувство.
Кундерс им посакува на граѓаните на Македонија сила и храброст во справувањето со последиците од трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.