| четврток, 6 декември 2018 |

Изгореа 12 новороденчиња во пожар

Дванаесет новороденчиња настрадаа во пожар кој се случил во болница во Багдад, соопшти портпаролот на Министрството за здравство на Ирак.

Тој навел дека причината за пожарот најверијатно се лошите струјни инсталации.

Портпаролот Ахмед ал Руадини потврди дека пожарот се случил ноќта меѓи вторникот и средата по родилиштето во болницата Јармоук која се наоѓа во западниот дел на Багдад, пренесува „АП“.

Во пожарот има повредени, но не е објавен точниот број.

Седум деца и 29 жени се спасени и префрлени во друга болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top