Голема конфузија се случи меѓу пливачите и публиката во центарот „Марија Ленк“ во Рио де Женеиро каде што во базените се одржуваат натпреварите во пливање и во другите водени спортови кои се во тек на Летните олимписки игри (ЛОИ).
Како што јавува „Би-би-си“, еден од двата базени, засега од непознати причини одеднаш станал зелен. Ова се случило во вторник попладне, за време на женските синхронизирани скокови од штица од 10 метри.
Одговор нема ниту портпаролот на Светската пливачка федерфација (ФИНА) Педро Адега, кој во изјава за „Би-би-си“ рекол дека можеби некои од натпреварувачите побарале да се смени бојата за да се намали одблесокот од сонцето.
Се појави и сомнеш дека базенот не е исчистен како што треба, па поради намалено количество на хлор, се појавиле алги.
– Никогаш не сум нурнала во нешто слично. Ја забележавме промената на бојата на водата додека се загревавме, а таа стануваше се позелена, како одминуваше времето – изјави британската натпреварувачка Тониа Коуч.
Организаторите по завршуваше на натпреварите објавија штуро соопштение во кое се наведува дека покренале истрага за аферата која на социјалните мрежи доби и име „пулгејт“. Велат дека ја тестирале водата и таа не претставува здравнствен проблем. Но, што довело до промена на бојата, уште не утврдиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.