Во рамките на билатералната соработка со Народно Позориште во Белград, Македонскиот народен театар со претставата „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, а во режија на Александар Поповски утре (8 мај 2013) гостува во Белград на сцената на Народно позориште.
На 10. мај МНТ со „Животот на Молиер“ учествува во официјалната конкуренција на Меѓународниот фестивал на Мали сцени во Ријека, Република Хрватска, а на 12.мај истата претстава гостува во театарот Гавела во Загреб , еден од најдобрите и најреномирани хрватски театри.
Во насловната улога на Молиер настапува извонредниот Никола Ристановски (кој токму за таа креација ја доби минатогодишната награда„ Војдан Чернодрински“ за главна машка улога), а останатите улоги ги толкуваат: Емил Рубен, Николина Кујача, Оливер Митковски, Драгана Костадиновска, Дениз Абдула, Марија Новак, Игор Ангелов, Никола Ацески и Ивана Павлаковиќ. Сценографијата во оваа успешна претстава е на Свен Јонке, а костимите на Снежана Пешиќ-Раиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“


