| четврток, 6 декември 2018 |

Обиколницата Скопје пуштена за сообраќај во двата правца

obikolnica skopjeОбиколницата Скопје која беше затворена по невремето од саботата, попладнево од 17.55 часот е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top