| четврток, 6 декември 2018 |

1.180 пумпи за вода и ракувачи се распоредуваат кај најзагрозените

vojska pumpaИлјада пумпи за извлекување на вода од подрумите на куќите во поплавените населени места, пристигна денеска. Се работи етапно, најзагрозените имаат приоритет.

За секоја куќа се задолжува по еден припадник на армијата кој добива пумпа и раководи со неа се до извлекување на водата од поплавената просторија во куќата.

На помош на населението освен армијата, на терен се и пожарникарите, граѓаните од погодените населени места.

Досега на терен работеа пумпи со капацитет од 9 илјади литри во минута на противпожарните единици, на јавното претпријатие водовод и канализација како и дополнителната помош од градовите во државата, со дополнителната помош од 1000 пумпи ќе се олесни работата и се очекува за два дена да биде санирана штетата од поплавите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top